Клиничка болница Систина има затворена површина од 15.000м2. Се состои од болнички одделенија кои имаат 7 спрата и амбуланти кои имаат 4 спрата. Нашата болница е изградена со технички особености и капацитети да им служи да пациенти кои доаѓаат од Македонија, Јужна Србија, Косово и Албанија. Благодарение на нејзината местоположба, таа ќе ја задоволи важната потреба за брза помош на овој регион. Имајќи ја предвид сеизмичката зона на нашата земја, болницата е направена да може да издржи земјотреси појаки од 9 степени и на таков начин што собите за опоравување може исто така да се преобразат во делови за итни случаи за да се зголеми болничкиот капацитет. Со отпочнување на Клиничка болница Систина, ќе се надомести недостатокот од дополнително кардиохируршко одделение. Единицата на општа интензивна нега, Единица за интензивна нега на кардиоваскуларна хирургија, Единица за коронарна интензивна нега и Единица за постпородилна интензивна нега се направени со врвна технологија и со најмодерна архитектура на објектите на болницата. Имајќи го предвид комфорот со 5 ВИПа и другите 67 болнички соби, со вкупно 188 болнички кревети, нашата болница е опремена со сите системи за извршување на медицински испитувања и лечење.
Удобност од А до Ш…
Болничките соби во Клиничка болница Систина се изведени според потребите на пациентите. Во болничките соби каде што се извршува медицинското работење и лечење, се обезбедува максимален душевен мир со најсовремени услови водејќи сметка за сите потреби на пациентот, придружникот и медицинскиот персонал. Инфраструктурата е изведена имајќи го предвид комфорот на пациентитте кои сакаат да ги продолжат нивните секодневни животни активности во текот на нивниот болнички ден.
Системите за кислород и вакуум се наместени така што можат да се пренесат од болничкиот кревет во ургентни случаи во кафетеријата на нашата болница. Според тоа, формиран е систем за лечење на пациенти со местење на болнички кревети по потреба.
Во Клиничка болница Систина се користат 8 лифтови за пациентот да не помине многу време до клиниките за амбулантно лекување. Благодарение на овој систем, влезот и излезот и ротацијата на пациенти и нивни блиски родители и пациенти кои доаѓаат за да ги користат услугите на клиниката за амбулантно лекување во болницата се направени независно едно од друго, што е прв пат за Македонија. Поради тоа пациентите и нивните блиски роднини имаат поголема предност во време и безбедност од инфекции.
Санитарен комплекс, спој на Наука и Луѓе
Во Клиничка болница Систина има Сала за конференции со систематизиран симултан превод за средби помеѓу пациенти, нивни блиски луѓе и медицинскиот персонал. Клиничка болница Систина која има за цел да биде иницијатор на научно истражување обезбедува можност за пренос на податоци и слики до нивниот академски персонал било каде во светот.
Конференциите за академскиот персонал може да се следат преку сателит со конференциска врска и технологија за поврзување со операциони сали во живо.
Смарт Сигурносен Систем...
Клиничка болница Систина изгради згради со високи сигурносни карактеристики тестирани за земјотреси и слични ризици и опремени со смарт сигурносен систем за безбедност на пациентите. Архитектонските барања беа изведени во согласнот со меѓународните услови.
Ние, во Клиничка болница Систина, привлекувајќи почитувани академски кадри од нашата земја со своите капацитети, сме среќни и горди на нашиот успешен медицински персонал за обезбедување на медицински услуги на Македонија и регионот..
Медицински одделенија:
Хируршки медицински науки:
Фундаментални медицински науки:


