• Македонски (Macedonian)
  • Turkish (Turkiye)
  • Albanian-AL
  • English (United Kingdom)
.. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Урологија

На одделот за урологија ке се третира целокупната уролоска патологија со отворени, лапароскопски и ендоскопски хируршки процедури:

  • ESWL – третман на уринарната калкулоза (во бубрег и уретер) со електрохидраулични бранови со апарат од најсовремената генерација EDAP со ултразвучно и рентгенолошко фокусирање на камењата
  • Трансректални ултрасонографски прегледи и TRUS биопсија на простатата со аплицирање на локална анестезија
  • Отворена, ендоскопска и лапароскопска уролошка хирургија ( лапароскопска редукција на циста на бубрег, лапароскопско отстранување на хипопластичен бубрег, лапароскопско отстранување на надбубрежната жлезда, лапароскопска лигатура на варикозно-проширените тестикуларни вени)
  • Lithoclast и холмиум ласерска ендоскопска литотрипсија на калкулоза во мочниот меур и уретерот
  • Комплетен спектар на уролошка терапија, педијатриска урологија и онколошки операции кај туморите на уринарните органи (радикална простатектомија со заштита на нервите, радикално отстранување на мочниот меур со сите видови на уринарна деривација, радикално отстранување на бубрезите, надбубрежните жлезди, машките полови органи, ретроперитонеална лимфаденектомија, отстранување на тумори од ретроперитонеалниот простор)
  • Хируршки-уролошки третман кај машкиот стерилитет (биопсија на тестиси, VEA-вазоепидидимо анастомоза, варикоцелектомија)
  • Конзервативен и уролошки-хируршки третман на итни состојби во уролошката пракса (уросепса, Fournier-овата гангрена, итни уролошки состојби кај бремената жена, акутен скротум, трауматски и јатрогени повреди во урологијата: на бубрег, уретер, мочен меур, уретра, пенис, страно тело во уринарниот тракт, болна трајна ерекција-priapismus)
  • Хирургија на пенис (вродено и стекнато искривување на машкиот полов орган-класична и “patch” техника)
  • Уролошки-хируршки третман на одредени болести кај жените (Stress inconitentio, везико-вагинални фистули)
  • Сите видови на хируршки третман кај калкулозата на уринарниот тракт
  • Трансплантација на бубрези



За прв пат во Република Македонија ке се изведуваат  биполарни трансуретрални ресекции со најсовремени биполарни резектоскопи.

Опремата со која располагаме е најсовремена опрема од најреномирани светски призводители.

Тим на доктори на урологија одделот:
Проф. д-р. Љупчо Лековски
и
Маг. д-р. Даниел Петровски

Контакт

Оддел за хирургија

Дигестивна хирургија:
Тел: +389 2 3099 580

Неврохирургија:
Тел: +389 2 3099 655

Урологија и Нефрологија:
Тел: +389 2 3099 710

Торакална и васкуларна хирургија:
Тел: +389 2 3099 720

Оториноларингологија и Максилофацијална хирургија:
Тел: +389 72 321 657

Детска хирургија:
Тел: +389 2 3099 712

Естетска, пластична и реконструктивна хирургија:
Тел: +389 2 3099 720

Ортопедија со трауматологија:
Тел: +389 2 3099 730