ПРОДОЛЖУВАМЕ ЗАЕДНО„Орка спорт“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ кои се дел од компанијата „ ... Повеќе |
МЕДАЛ ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МЕДИЦИНСКИОТ ТИМ НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“Медицинскиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е одликуван со медал за заслуги ... Повеќе |
ТРАНСНАЗАЛНА ОПЕРАЦИЈА НА ХИПОФИЗАВо Клиничката болница „Аџибадем Систина“ направена е трансназална интервенција на хипофиза. Операцијата ја на... Повеќе |
КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ И „ОРКА СПОРТ“- СПОНЗОРИ НА МАШКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и компанијата „Орка Спорт“ на 09.01.2012 ... Повеќе |
СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!Повеќе |
НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО СИСТИНА ПЛУСИзлезе четвртиот број на списанието „Систина Плус“. Во новиот број тема ни се„Тумори ... Повеќе |
ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и компанијата „Орка Спорт“ на 09.01.2012 потпишаа договор со Ракометната федерација на Македонија . Целта е да партиципираме во активностите на Ракометната федерација во интерес на врвниот спорт во Македонија.
Клиничката болница „ Аџибадем Систина“ и „Орка Спорт“ наредните две години ќе бидат спонзори на Ракометната федерација на Македонија. Со договорите ќе им овозможиме на нашите спортисти врвна здравствена заштита и спортска опрема од светскиот производител Ли нинг (Li Ning).
Врвна здравствена заштита за нашите ракометари...
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе овозможи континуиран медицински надзор на ракометарите кои ќе бидат дел од Европското првенство во Србија. Со овој договор се официјализира соработката која почна пред два месеца, на основа на добра волја и желба за соработка на двете страни. Намерата е да се воспостават, односно имплементираат современите медицински сознанија и искуства во функција на врвниот спорт.
Екипа од врвни доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ постојано ќе биде со нашите ракометари за време на Европското првенство . Д-р Небојша Настов и д-р Михајло Ивановски, трауматолози, со долгогодишно искуство во спортскиот трауматизам, ќе бидат задолжени за превенција и третман на евентуалните повреди на репрезентативците.
Спортска опрема од светскиот производител Ли нинг (Li Ning)
Целокупната спортска опрема ќе биде во знакот на светскиот бренд Ли нинг, чиј главен застапник за Македонија е „Орка Спорт“. Во знакот на овој бренд е националниот дрес со кој македонската ракометна репрезентација ќе ги брани боите на нашата земја на Европско првенство 2012 во Србија.