Над 250 граѓани,за само две недели, се прегледани во бесплатната акција” Месец на срцето” во Клиничката болница Систина.Кај голем дел од нив докторите од одделот за кардиологија и кардиохирургија прв пат дијагностоцирале кардиоваскуларни заболувања. Двајца пациенти веднаш хоспитализирани во Клиничката болница Систина поради сериозни оштетувања на срцето.
Останатите пациентите се препратени на дополнителни испитувања со цел навремено да се спречат посериозни нарушувања на кардиоваскуларниот систем кои најчесто завршуваат фатално.
Дел од пациентите кои се вклучија во бесплатната акција добија второ мислење од стручниот тим на Клиничката болница Систина.
Бесплатаната акција што Систина ја спроведува по повод “Светскиот ден на срцето “26 септември ќе продолжи наредните две недели.
Сите граѓани со купоните кој секој вторник излегуваат во дневните весници "Време" и "Коха е ре" ќе можат да направат бесплатен кардиолошки и кардиохируршки преглед со ЕКГ,како и компјутерска коронарографија за 15 000 денари.
Прегледите задолжително однапред треба да се закажат на тел.02 3099 540(оддел за кардиологија) и на 02 3099 750 (оддел за радиологија) ,секој работен ден од 9 до 19 часот.
Прегледите ќе се извршуваат секој работен ден од 15 до 20 часот,и сабота од 10 до 15 часот.










