
Оделот за Перинатологија е составен од: -Амбулантно-поликлинички дел -Стационар -Родилни и операциони сали Во амбулантно поликлиничкиот дел во две амбуланти опремени со највисоко софистицирани УЗ апарати (3Д/4D) се контролираат како нормални така и сите високоризични бремености. Во состав на овој дел постои амбуланта за пренатални инвазивни интервенции(амниоцентеза,хорионбиопсија, кордоцентеза, плацентоцентеза, ембриоредукција) како и три простории за кардиотокографско иследување на трудници и инфузиона терапија. Стационарот поседува 23 кревет распределени во двокреветни и еднокреветни соби како и апартмани. Покрај луксузната опрема истите ги содржат сите неопходни медицински помагала. Овие соби се во близок контакт со неонаталошкиот оддел така да се овозможува пријатен престој на родилките, заедно со своите чеда. Тука се третираат и сите високоризични бремености кои бараат хоспитализација. Родилните и операционите сали се опремени со две предродилни бокса, две родилни сали, две операциони сали како и интензивна нега за сите ризични акушерски пациентки. Целиот овој оддел е опремен со софистицирана апаратура за мониториг и безбедно породување. Во блиска соработка со анестезиолошкиот оддел на располагање се сите најнови методи за безболно и релаксирано породување (спинална, епидурална, локална, општа анестезија).