• Македонски (Macedonian)
  • Turkish (Turkiye)
  • Albanian-AL
  • English (United Kingdom)
.. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Педијатрија со детска пулмоалергологија

Одделот за педијатрија располага со дијагностичко - консултативен пулмоалерголошки кабинет кој е опремен со софтистицирана дијагностичка опрема, со која се овозможува давање на амбулантски медицински услуги и воедно згрижување на болното дете кај кое е потребен краток временски престој во делот на дневната болница. При пулмоалерголошкиот кабинет ке се третира целокупната патологија - болести поврзани со проблеми од страна на горните дишни патишта, бронхијалното дишно стебло и алергиски проблеми. При тоа ке се користат следните дијагностички постапки:

  • реализирање на кожни алерголошки тестови користејќи prick метода, за најчестите инхалаторни алергени и алергените од храната ( нутритивните алергени) во дијагностиката на алергиските проблеми на дишното стебло.
  • пратење на промените во големите дишни патишта, користејќи мониторирање на ПЕФ варијациите (врвниот експираторен проток), во следење на неконтролираната астматска болест.
  • одредување на промена на параметрите на белодробната функција (мала спирометрија), со посебен акцент на промените во проток-волумен кривата, почнувајќи од шестата година во дијагностика и водење на рецидивантни респираторни потешкотии.
  • кај пациентите за ПРВ ПАТ ке се одредува степенот на неспецифичната инфламација на дишното стебло со неинвазивна дијагностичка техника на мерење на вредноста на издичаниот (есхалираниот) азотен оксид FE NO, почнувајки од пет годишна возраст, особено кај децата со рецидивантни бронхоопструктивни епизоди, повторувачка кашлица, како и во дијагностиката и водење на бронхијалната астма.
  • тест со физичко оптеретување- во дијагностика на бронхијалната астма
  • Третирани ке бидат деца со акутни респираторни потешкоии од типот на субглотичен ларингит, бронхоопструктивна атака, засегање на малите дишни патишта кај доенчињата- бронхиолитот, спроведувајки инхалациона терапија со салбутамол, атровент, аденалин, потпомогнато со следење на сатурацијата на кислород и виталните параметри
  • Воедно комплетен третман ке имаат и пациентите со засегање од типот на пнемонии, плеуропнеумонии, астма егзецербации, афекција на синусните шуплини како и аденоидните вегетации, промените на ушното тапанче, потешкотии од алергиска генеза како што се уртикариите, атопискиот дерматит, инфламаторните егзематозни промени по кожата.
  • Ке се врши перманентна едукација на родителот/детето за правилна апликација на пропишаната инхалациона терапија
  • Едукација на болното дете како во услови на домот да ја прати состојбата ка својата болест користејќи техника на ПЕФ мониторинг

 

Tим на доктори

Проф Д-р Леонардо Камењарски - педијатар

Проф Д-р Гордана Маческа Баџакова - педијатар, пулмоалерголог

Асс Д-р Катерина Обочки - педијатар

Одделот за педијатрија располага со дијагностичко-консултативен пулмоалерголошки кабинет кој е опремен со софтистицирана дијагностичка опрема, со која се овозможува давање на амбулантски медицински услуги и воедно згрижување на болното дете кај кое е потребен краток временски престој во делот на дневната болница. При пулмоалерголошкиот кабинет ке се третира целокупната патологија-болести поврзани со проблеми од страна на горните дишни патишта, бронхијалното дишно стебло и алергиски проблеми. При тоа ке се користат следните дијагностички постапки:

> реализирање на кожни алерголошки тестови користејќи prick метода, за најчестите инхалаторни алергени и алергените од храната ( нутритивните алергени) во дијагностиката на алергиските проблеми на дишното стебло.

> пратење на промените во големите дишни патишта, користејќи мониторирање на ПЕФ варијациите (врвниот експираторен проток), во следење на неконтролираната астматска болест.

> одредување на промена на параметрите на белодробната функција (мала спирометрија), со посебен акцент на промените во проток-волумен кривата, почнувајќи од шестата година во дијагностика и водење на рецидивантни респираторни потешкотии.

> кај пациентите за ПРВ ПАТ ке се одредува степенот на неспецифичната инфламација на дишното стебло со неинвазивна дијагностичка техника на мерење на вредноста на издичаниот (есхалираниот) азотен оксид FE NO, почнувајки од пет годишна возраст, особено кај децата со рецидивантни бронхоопструктивни епизоди, повторувачка кашлица, како и во дијагностиката и водење на бронхијалната астма.

> тест со физичко оптеретување- во дијагностика на бронхијалната астма

> Третирани ке бидат деца со акутни респираторни потешкоии од типот на субглотичен ларингит, бронхоопструктивна атака, засегање на малите дишни патишта кај доенчињата- бронхиолитот, спроведувајки инхалациона терапија со салбутамол, атровент, аденалин, потпомогнато со следење на сатурацијата на кислород и виталните параметри

> Воедно комплетен третман ке имаат и пациентите со засегање од типот на пнемонии, плеуропнеумонии, астма егзецербации, афекција на синусните шуплини како и аденоидните вегетации, промените на ушното тапанче, потешкотии од алергиска генеза како што се уртикариите, атопискиот дерматит, инфламаторните егзематозни промени по кожата.

> Ке се врши перманентна едукација на родителот/детето за правилна апликација на пропишаната инхалациона терапија

> Едукација на болното дете како во услови на домот да ја прати состојбата ка својата болест користејќи техника на ПЕФ мониторинг

Тим на доктори

Проф Д-р Гордана Маческа Баџакова, д-р сци мед,

-педијатар,пулмоалерголог

Асс Д-р Катерина Обочки

- педијатар,

Контакт

Оддел за Интерна Медицина


Педијатрија и детска пулмоалергологија
Тел: +389 2 3099 740

Неврологија
Тел: +389 2 3099 655

Гастроентерохепатологија
Тел: +389 72 321 757

Медицинска психологија, трудова медицина
Тел: +389 2 3099 512

Психијатрија, Ендокринологија и Онкологија
Тел: +389 2 3099 711