• Македонски (Macedonian)
  • Turkish (Turkiye)
  • Albanian-AL
  • English (United Kingdom)
.. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Ортопедија и трауматологија

Одделот за Ортопедија и Трауматологија се занимава со решавање на траумата на локомоторниот систем, современ пристап кон повредите и болестите на зглобовите , коските и мекото ткиво (мускулите, тетивите и лигаментите) , корекција на вродените и стекнати деформитети на локомоторниот апарат,  притоа искористувајќи ги најсовремените минимално инвазивни дијагностички и куративни постапки и техники.

Со прифаќање на современиот третман на деформитетите и повредите на локомоторниот систем, што подразбира искористување на најсовремените постапки и најмодерна опрема во третманот на истите се доаѓа до добивање на задоволителни резултати и драстично намалување на процентот на компликациите.

Покрај оперативен третман на повредите, имаме можност и за конзервативен (неоперативен) третман на сите видови на повреди и состојби од областа на ортопедијата и трауматологијата.

Ендопротетската замена на зглобовите секако е дел од нашиот третман, но по исцрпување на сите останати конзервативни и оперативни постапки за спасување на сопствените зглобови.

Одделот располага со апаратура за дензитометрија (мерење на коскена густина) и спроведува дијагностицирање и лекување на Остеопороза.

На одделот се спроведуваат и превентивни прегледи и третман на коскено-зглобниот и мускулен систем кај новородени деца.


Услуги кои се укажуваат

  • третман на сите видови спортски повреди
  • третман и лекување на остеоартрит и останати повреди на мускули и тетиви со апликација на концентрат од автологни тромбоцити
  • оперативен третман на повредите на горен и долен екстремитет
  • оперативен (артроскопски) третман на повредите на колениот, рамениот и скочниот злоб
  • Давање на инјекција во зглоб ( медикаменти, вискосуплементи, автологни фактори на раст)
  • ендопротетска замена  на зглобови
  • оперативен третман на коскено незараснување и одложено зараснување на коска
  • конзервативен третман на сите скршеници и повреди на мекото ткиво
  • корективни остеотомии
  • превентивни прегледи на локомоторен апарат кај новородени во породилиште  и следење во тек на првата година
  • ЕХО дијагностика  на локомоторен апарат

( ехо дијагностиката на колкови во перидот на новородено се изведува по методата на prof. R. Graff, Австрија –основоположник на истата во светски рамки, од страна на сертифициран специјалист од наведениот професор)

  • DEXA скен на скелет ( со најнов апарат GE DPX-PRO, за дијагностицирање остеопороза)
  • дијагностицирање и третман на остеопотоза
  • конзервативен и оперативен третман на шака и стапало
  • дијагностицирање, конзервативно и оперативно лекување на вродено криво стапало (pes equinovarus congenitus), по методот на Ponseti
  • дијагностицирање и оперативен третман на бенигни тумори на локомоторен апарат.

 

Контакт

Оддел за хирургија

Дигестивна хирургија:
Тел: +389 2 3099 580

Неврохирургија:
Тел: +389 2 3099 655

Урологија и Нефрологија:
Тел: +389 2 3099 710

Торакална и васкуларна хирургија:
Тел: +389 2 3099 720

Оториноларингологија и Максилофацијална хирургија:
Тел: +389 72 321 657

Детска хирургија:
Тел: +389 2 3099 712

Естетска, пластична и реконструктивна хирургија:
Тел: +389 2 3099 720

Ортопедија со трауматологија:
Тел: +389 2 3099 730