Цитолошка лабораторија
Лабораторијата за цитологија е во состав на болницата Систина од 2007 година.
Основните дејности на Цитолошката лабораторија се следните:
- Испитување на размаски од грлото на матката со конвенционална ПАП техника;
- Тенкоиглена аспирациона биопсија на лезии на дојката како и на штитната жлезда, лимфните јазли, мекоткивните тумори и сл.
- Цитолошка анализа на телесни течности и цистични тумори.
Резултатите од цитолошката анализа се готови за 24 - 48 часа од моментот на приемот на примерокот.