
1. Интервентни кардиолози
2.Интензивни кардиолози
3.Електрофизиолози – аритмолози
4. Ехокардиографисти
5.Ангиолози
Амбулантно-поликлиничкиот дел при одделот за кардиологија на Специјална клиничка болница - Систина, со својот тим од субспецијалисти- кардиолози и со најсовремена опрема може во целост да ги изврши сите дијагностички и терапевтски процедури кои ги бара современата кардиологија. Во исто време обезбедува и консултативни прегледи од областа на превенција и модификација на ризик факторите кај кардиоваскуларните болни.
Амбулантно - поликлиничкиот кардиолошки оддел работи секој ден од 08 до 21 часот за редовни пациенти.
За итни случаи постои 24 часовна дежурна кардиолошка служба.