Информации за пациенти
Нуклеарната медицина овозможува широка палета на медицински дијагностички функционални испитувања.
Најчести индикациони области се:
Онкологија
- Локализација на примарни тумори
- Идентификација на метастази
- Проценка на одговор на терапија
- Намалување на коскена метастатска болка
- Дијагноза и терапија со MIBG кај пациенти со неуроендокрини тумори и нивни метастази
Ортопедија
- Идентификација на окултна коскена траума ( спортски трауми )
- Дијагноза на остеомиелитис
- Евалуација и екстензија на артритични промени
- Идентификација на коскени инфаркти кај Sickle cell disease
- Идентификација на разлабававување или инфекција на зглобни протези
- Сакроилитис
- Paget-ова болест
- Pertes-ова болест
- Аваскуларна некроза
- Sudeck-ова атрофија
- Osteoid osteoma
Кардиологија
- Коронарна артериска болест
- Мерење на ефектот од бајпас хирургија
- Мерење на ефектот од терапија на срцева слабост
- Селекција на пациенти за бајпас или ангиопластика
- Предоперативна идентификација на пациенти со висок ризик за срцев напад
- Идентификација на десно срцева слабост
- Мерење на кардиотоксичност при хемотерапија
- Евалуација на валвуларни срцеви болести
- Идентификација и квантификација на шантови
Пулмологија
- Дијагноза на белодробна емболија и следење на степенот на резолуција на промените по истата
- Квантификација на белодробна вентилација и перфузија
- Инхалација на туѓо тело
- Евалуација на регионална белодробна фунција
Нефрологија
- Детекција на опструкции на уринарен тракт
- Дијагноза на реноваскуларна хипертензија
- Мерење на диференцијална ренална функција
- Следење на функција на трансплантиран бубрег и детекција на негово отфрлање
- Детекција на пиелонефрит
- Детекција на ренални лузни
- Везикоуретрален рефлукс
Гастроинтестинален тракт
- Детекција на акутен холецистит
- Хронична билијарна дисфункција
- Детекција на гастроинтестинални крварења
- Дисфункција на хранопровод
- Сцинтиграфија на црн дроб и слезена
Неврологија
- Евалуација на цереброваскуларни болести
- Алцхајмерова и други типови на деменција
- Локализација на епилептични фокуси
- Проценка на мозочна перфузија кај пациенти со аутизам
- Проценка на мозочна смрт
Други индикации
- Дијагноза и терапија на хипотироидизам
- Дијагноза и терапија на хипертироидизам и AFTA
- Радиојодна терапија кај диференцирани тироидни карциноми
- Дисфункција на плунковни жлезди
- Детекција на аденом на паратироидни жлезди
- Сцинтиграфија на дојки
- Детекција на длабока венска тромбоза
- Сцинтиграфија на коскена срцевина
- Детекција на варикоцела и торзија на тестис
- Детекција на окултни инфекции и инфламации
- и др.