• Македонски (Macedonian)
  • Turkish (Turkiye)
  • Albanian-AL
  • English (United Kingdom)
.. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Цитогенетска лабараторија

Во цитогенетската лабораторија  во Мала Богородица успешно се врши пренатално и постнатално кариотипирање т.е. утврдување на бројот и структурата на хромозомите со диференцијално Г или ГТГ бендирање.

Со пренатална дијагноза со голема сигурност рано се откриваат хромозомските абнормалности (анеуплоидии, транслокации, инверзии, поголеми делеции и дупликации), а методите кои ја  овозможуваат се: хорион биопсија, амниоцентеза, плацентоцентеза и кордоцентеза.

Хорион  биопсија се изведува од 10 до 12 недела од бременоста. Хорионските вили со дирекна метода се обработуваат и се кариотипираат веќе следниот ден.

Амниоцентезата се изведува од 16 до 24 недела од бременоста, феталните клетки се култивираат и по 14 дена се анализира кариотипот и се утврдува хромозомска конституција на бебето.

Плацентоцентеза и кордоцентеза се работат кај посебни индикации во ИИ  и  ИИИ  триместар .

Постнаталната цитогенетска дијагностика која се состои од определување на кариотип од клетки од периферна крв се изведува при брачен стерилитет, два или повеќе спонтани абортуси, бракови на лица со блиско сродство како и хромозомски промени во семејството.

Годишно во оваа лабораторија се изведуваат над 500 пренатални и околу 200 постнатални анализи, што е наш придонес кон намалување на моралитетот на новороденчињата и подобрување на здравјето на идните поколенија.

Вработени во цитогенетската лабараторија:

  • М-р Маринела Василевска - цитогенетичар
  • Елизабета Сековска - цитогенетичар
  • Марија Стојановска - лаборант

 

Контакт

Дијагностички лабаратории
Тел: +389 2 3099 510

Хистопатолошка и цитолошка лабораторија
Тел: +389 2 3099 517