• Македонски (Macedonian)
  • Turkish (Turkiye)
  • Albanian-AL
  • English (United Kingdom)
.. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Хистопатолошка лабораторија

Хистопатолошката лабораторија е опремена со најнова и најсофистицирана техника која овозможува исполнување на дневната програма за оперативни и биопсични (киретажни) материјали.
Хистопатолошката лабораторија ги овозможува следните активности:
  1. Фиксација на ткиво и подготовка за секција. Ткивата се фиксираат во 10% неутрален пуфериран формалин. Макроскопското испитување опфаќа детален опис на примерокот со димензии на сите структури и опис на лезијата со својата форма, големина боја и сл. Фиксацијата на ткивото е автоматизирана со помош на ткивен процесор (TP 1020, Leica Microsystems).
  2. Подготовка на препарати. Пресеците од формалин фиксираните примероци се калапат во парафински центар (EC 1160, Leica Microsystems). Подготовката на 0,3-0,4 μм пресеци е полуавтоматска со помош на ротаторен микрорежач (RM 2245, Leica Microsystems) со користење на ножеви за еднократно делување (Leica 818, Leica 819).
  3. Боење. Рутинското хематоксилин & еозин боење на подготвените препарати е целосно автоматизирано во автоматски бојач (ST 4040, Leica Microsystems). Покрај тоа се користат и други типови на диференцијални боења во зависност од дијагностичката потреба (Periodic acid-Schiff, Alcian Blue, Masson-Goldner trichrome, Van Gieson elastica и др.) .Имунохистохемиските боења се користат со палета од различни антитела за дефинирање на дијагнозите или за рутинско испитување за понатамошен терапевтски третман (хормнски статус, пролиферативни маркери и сл.)
  4. Микроскопска евалуација и известување. Микроскопирањето на препаратите се изведува на бинокуларен микроскоп (DM 2000 и DM 2500, Leica Microsystems). Известувањата од хистопатолошките наоди се вршат на компјутерски модел со протокол за секој орган (грло на матка, ендометриум, јајник, дојка и сл.) Извештиате што содржат шифра за малигно заболување (според системската номенклатура на патолозите - SNOP) се одвоени со соодветен код за постоперативна хистопатолошка класификација на туморите (pTNM). Сите овие наоди се макро- и микроскопски фото-документирани. Фотографиите од макроскопскиот изглед како и микроскопските фотографии со промените од главните и значајни хистолошки параметри за секој малигни тумор се во состав на хистопатолошкиот наод.

 

Резултатите од хистопатолошките испитувања се достапни за 24 до 72 часа од моментот на приемот на примерокот.

Контакт

Дијагностички лабаратории
Тел: +389 2 3099 510

Хистопатолошка и цитолошка лабораторија
Тел: +389 2 3099 517