• Македонски (Macedonian)
  • Turkish (Turkiye)
  • Albanian-AL
  • English (United Kingdom)
.. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Оддел за дијагностичка и интервентна радиологија

 1. Дигитализирани конвенционални радиолошки процедури

  • Нативни радиолошки процедури на граден кош , белодробие,остео-артикуларен систем
  • Нативни и контрастни радиолошки процедури на горен и долен дигестивен тракт ( вклучувајќи ЕРЦП )  и урогенитален тракт
  • Нативни и контрастни радиолошки процедури кај новороденчиња и деца
  • Интервентни неваскуларни процедури под контрола на конвенционален рентген
     

2.  Дијагностички и интервентни процедури на дојка

  • Ултразвук ( ЕХО ) , дигитална мамографија , пукнциона биопсија , “ core “ биопсија , предоперативно маркирање на туморозни формации , Магнетна резонанца на дојки ( симултано ).
     

3.  Ултразвучни процедури ( ЕХО ) на абдомен , уринарен тракт , плункови жлезди , тироидна жлезда , “ слепо црево “ , тестиси , интервентни неваскуларни процедури под контрола на ЕХО ( пункциони биопсии , дренажи со апликација на терапевтски средства ) , “ color Doppler “ на крвни садови

4. 64 слоен мултидетекторен Компјутерски томограф ( 64 MDCT )

  • КТ на глава , врат , рбетен столб , граден кош , абдомен и мала карлица , виртуелна бронхоскопија и колоноскопија , остео-артикуларен систем , дензитометрија , на периферни и срцеви артерии , на срце , перфузиони иследувања , пункциони биопсии и дренажи под контрола на КТ
     

5.  МР ( Магнетна резонанца ) на глава ( мозок , хипофиза ) , функционална МР ( дифузија , перфузија ) , врат , медијастинум , срцев мускул со перфузија  , дојки , горен абдомен , холангиопанкреатографија (  MRCP ) , мала карлица со колкови , рбетен столб , остео-артикуларен систем , крвни садови ( артериографија ) , МР на фетус

6.  DSA ( Дигитална суптракциона ангиографија ) -  Дијагностички и интервентни процедури на крвни садови ( артериски и венски )

  • Приказ на артерии и вени на глава и врат , граден кош , абдоминална празнина , екстремитети , рбетен столб , интервентни процедури ( емболизација на аневризми , А-В малформации , туморозни творби ) , балон дилатација и стентирање , интраартериска тромболиза
     

7.  Неваскуларни интервентни процедури 

  • Балон дилатација и стентирање на стенози на хранопроводник и машка уретра
  • Поставување на перкутана нефростома и цистостома, дренажа на цистични промени, абсцеси, слободни и организирани течни колекции

Контакт

Оддел за радиологија

Тел: +389 2 3099 750