Оддел за дијагностичка и интервентна радиологија
1. Дигитализирани конвенционални радиолошки процедури
- Нативни радиолошки процедури на граден кош , белодробие,остео-артикуларен систем
- Нативни и контрастни радиолошки процедури на горен и долен дигестивен тракт ( вклучувајќи ЕРЦП ) и урогенитален тракт
- Нативни и контрастни радиолошки процедури кај новороденчиња и деца
- Интервентни неваскуларни процедури под контрола на конвенционален рентген
2. Дијагностички и интервентни процедури на дојка
- Ултразвук ( ЕХО ) , дигитална мамографија , пукнциона биопсија , “ core “ биопсија , предоперативно маркирање на туморозни формации , Магнетна резонанца на дојки ( симултано ).
3. Ултразвучни процедури ( ЕХО ) на абдомен , уринарен тракт , плункови жлезди , тироидна жлезда , “ слепо црево “ , тестиси , интервентни неваскуларни процедури под контрола на ЕХО ( пункциони биопсии , дренажи со апликација на терапевтски средства ) , “ color Doppler “ на крвни садови
4. 64 слоен мултидетекторен Компјутерски томограф ( 64 MDCT )
- КТ на глава , врат , рбетен столб , граден кош , абдомен и мала карлица , виртуелна бронхоскопија и колоноскопија , остео-артикуларен систем , дензитометрија , на периферни и срцеви артерии , на срце , перфузиони иследувања , пункциони биопсии и дренажи под контрола на КТ
5. МР ( Магнетна резонанца ) на глава ( мозок , хипофиза ) , функционална МР ( дифузија , перфузија ) , врат , медијастинум , срцев мускул со перфузија , дојки , горен абдомен , холангиопанкреатографија ( MRCP ) , мала карлица со колкови , рбетен столб , остео-артикуларен систем , крвни садови ( артериографија ) , МР на фетус
6. DSA ( Дигитална суптракциона ангиографија ) - Дијагностички и интервентни процедури на крвни садови ( артериски и венски )
- Приказ на артерии и вени на глава и врат , граден кош , абдоминална празнина , екстремитети , рбетен столб , интервентни процедури ( емболизација на аневризми , А-В малформации , туморозни творби ) , балон дилатација и стентирање , интраартериска тромболиза
7. Неваскуларни интервентни процедури
- Балон дилатација и стентирање на стенози на хранопроводник и машка уретра
- Поставување на перкутана нефростома и цистостома, дренажа на цистични промени, абсцеси, слободни и организирани течни колекции