• Македонски (Macedonian)
  • Turkish (Turkiye)
  • Albanian-AL
  • English (United Kingdom)

Оддел за гинекологија и акушерство со асистирана репродукција - Мала Богородица

.. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Оддел за Неонатологија

Одделот за Неонатологија пружа современи услови за третман на здрави новородени, постинтензивна и интензивна нега. Оделот функционира по системот мајка/дете (rooming in) и е носител на сертификатот “болница пријател на бебињата” За време на престојот на новороденото се применува ортопедски ултразвучен и клинички скрининг, скрининг за хипотиреоза, ехокардиогравски и ултразвучен преглед на ЦНС,  третман на поспородилна жолтица, давање на БЦГ и Хепатитис Б вакцина. Во склоп на одделот постои современа лабораториска дијагностика како и можност за примена на дигитална ренгенска дијагностика со примена на магнетна резонанца и компјутерска томографија. На мајките им се пружа едукација за успешно доење по системот “десет чекори до успешно доење” од тим на високо едуцирани сестри. Одделот расплога со посебен простор за изолација на новородени со постпородилни  инфекции.

Постинтензивната нега располага со 8 инкубатори со придружна опрема за постинтензивна нега (инфузиомати, перфузори, монитори, фото лампи, вормери, bils bead, ултразвучен апарат ).

Во склоп на одделот за неонтеологија функционираат  две амбуланти каде перманентно се следат новородените во нивниот раст и развој. Тимот на неонатологија е составен од пет искусни неонатолози и високо едуциран средно медицински персонал.

Шеф на оддел: Др. Драшко Димески


Одделот за Неонатологија пруза современи услови за третман на здрави новородени, постинтензивна и интензивна нега. Оделот функционира по системот мајка/дете (rooming in) и е носител на сертификатот “болница пријател на бебињата” За време на престојот на новороденото се применува ортопедски ултразвучен и клинички скрининг, скрининг за хипотиреоза, ехокардиогравски и ултразвучен преглед на ЦНС,  третман на поспородилна жолтица, давање на БЦГ и Хепатитис Б вакцина. Во склоп на одделот постои современа лабараториска дијагностика како и мозжост за примена на дигитална ренгенска дијагностика со примена на магнетна резонанца и компјутерска томографија. На мајките им се пружа едукација за успешно доење по системот “десет чекори до успешно доење” од тим на високо едуцирани сестри. Одделот расплога со посебен простор за изолација на новородени со постпородилни  инфекции.

Постинтензивната нега располага со 8 инкубатори со придружна опрема за постинтензивна нега (инфузиомати, перфузори, монитори, фото лампи, вормери, bils bead, ултразвучен апарат )

Одделот за Интензивна нега располага со 4 респираторни места со можност за сите облици на конвенционална механичка вентилација ( ЦПАП и синхронизирани облици на механичка вентилација ) како и можност за 24 часовен мониторинг на виталните параметри и континуирана парентерална терапија  кај новороденото (инфузиомати, перфузори, монитори,  фото лампи, транспортен инкубатор и вормер со респиратор, ултразвучен апарат) Одделот располага со можност за  лекување на недоносени  со сурфактант, тотална парентерална исхрана како и посебен простор за изолација на новородени со  инфекции. На одделот на располагање е современа лабараториска еваулација и дигитална ренгенска дијагностика вклучувајќи магнетна резонанца и компјутрерска томографија. Одделот пружа можност за консултативна рана дијагностика на можна ретинопатија кај недоносените.

Во склоп на одделот за Неонтеологија функционираат  две амбуланти каде перманентно се следат новородените во нивниот раст и развој. Тимот на неонатологија е составен од пет искусни неонатолози и високо едуциран средно медицински персонал.

Шеф на оддел: Др. Драшко Димески

Дипломирал на Медицински факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје 1979 година, специјализирал Педијатрија на Клиниката за Педијатрија при медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје 1990. Во периодот од 1993 до 1996 година завршува субспецијализација по Педијатриска кардиологија и постдипломски студии по Фетална кардиологија  на Академијата за високи медицински науки во Бергамо во склоп на  медицинскиот факултет на Универзитетот во Милано и медицинскиот факултет во Пиза, Италија. Од 1996 година работел на Клиниката за гинекологија и акушерство на одделот за Неонатологија и воедно го формирал кабинетот за Фетална кардиологија. Од 2001 година работи во СБГА Мала Богородица каде моментално е шеф на одделот за Неонатологија и кабинетот за Фетална кардиологија.

Покрај стручната едукација во Скопје бил на стручни престои во повеќе Европски референтни центри (Италија, Англија, Франција, Австрија) од областа на неонатологијата, педијатриската и фетална кардиологија. Учествувал со стручни трудови на повеќе светски и европски конгреси. Афтор е на книгата “Вовед во Феталната ехокардиографија”

 

Контакт

Оддел за Гинекологија и Акушерство
Тел: +389 2 3099 700

Оддел за Неонатологија
Тел: +389 2 3099 780