• Македонски (Macedonian)
  • Turkish (Turkiye)
  • Albanian-AL
  • English (United Kingdom)
.. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Биохемиска лабараторија

Концептот и организацијата на биохемиската лабораторија во “Мала Богородица” е базиран на многугодишното искуство во високо специјализирани лаборатории кај нас и во светот.

Крвта се вади исклучиво со сигурносниот систем во вакуум-епрувети од Terumo или Beckton-Dickinson.

Хематолошките анализи, броење на крвните клетки се врши со помош на флуоресцентен флоуцитометар SYSMEX XE-2100, единствен во Р.Македонија  кој мери 36 крвни параметри, како и на COBAS MICROS.

Автоматизираните анализатори на  ROCHE Diagnostica, Elecsys 2010 и COBAS Integra 400 plus, во кои се имплементирани најсовремените аналитички техники на мерење ни овозможуваат секојдневно да ги изведуваме сите неопходни биохемиски анализи, хормони, тумор-маркери, маркери за хепатитис А,  Б и Ц, ХИВ, токсоплазмоза, цитомегаловирус, рубела, херпес вирус, анализи кои денес, една модерна лабораторија мора да ги обезбеди.

На коагулометарот на STAGO дијагностика ги одредуваме сите фактори на хемостаза на крвта.

AVL Compact 2 ни обезбедува 24 часовна сигурност при одредувањето на гасните анализи.

Посебно сме горди на изработка на најквалитетен биохемиски преглед на урина, за што го имаме автоматизираниот апарат на ROCHE Urisys 1100, како што даваме посебен ацкент на прегледот на уринарниот седимент.

Сите методи се најквалитетното од она што науката за биохемиска методологија до денес го усовршила, дизајнирани според пропозициите на IFCC, проверени од Националниот Комитет  за Стандардизација на Клиничките Лаборатории, стандардизирани спрема стандардите договорени во Светската Здравствена Организација и IUPAC  и потврдени од Асоцијацијата за примена на храна и лекови, FDA.

Лабораторијата подлежи на секојдневна контрола,  учествува во надворешната  контрола на BIORAD, EQAS за биохемиските, имунолошките и како пионери во Македонија и за хематолошките анализи, за што се гордееме со сертификати со највисоки оцени на квалитетот.

Годишно изведуваме околу 200.000 амбулантски и 150.000 одделенски анализи, со околу 120.000 вадења на крв.

Со изборот на опремата го обезбедивме квалитетот, а ангажманот на  нашиот едуциран кадар Ви ја обезбедува најквалитетната нега и грижа за вашето здравје и здравјето на вашето поколение.

Вработени во Биохемиската лабараторија

Раководител 
Наташа Чокревска Зографска, дипл. биохемичар

Лабораториски техничари:

  • Елена Рафаиловска Радевска
  • Емилија Павловиќ
  • Билјана Трајковска
  • Тања Стојчова
  • Оливера Наунчевска
  • Рената Стојановска
  • Саше Раповски
  • Елена Цветановска
  • Христина Милошеска

 

 

 

 

 

Контакт

Дијагностички лабаратории
Тел: +389 2 3099 510

Хистопатолошка и цитолошка лабораторија
Тел: +389 2 3099 517