
Дејноста на лекарите од ОАИЛ опфака повеке области:
1.Консултативна дејност
Преданестезиолошки преглед за секој пациент на кој му претстои инвазивна дијагностичка или терапевтска интервенција која побарува анестезија или оперативна процедура. Целта е да се направи оценка на состојбата, степенот на ризик за пациентот и потребата од предоперативната подготовка.
2.Анестезиолошка дејност
2.1.Амбулантски анестезии – Краткотрајни анестезии (потенцирани или целосни) за колоноскопии, гастроскопии, цистоскопии, снимања на MRI и CT скенер, ангиографски процедури и процедури во одделот за IVF.
2.2.Анестезии за еднодневна хирургија – Општи и регионални анестезии за оперативни интервенции во одделот Дневна болница кој овозмозува да пациентите бидат примени, оперирани и испишани во рок од 24часа.
2.3.Анестезии во оперативниот блок – Сите видови на општи, регионални и комбинирани анестезии за планирани и ургентни операции спроведени за сите хируршки и гинеколошки одделенија на болницата. При тоа се користат најновите и најбезбедни интравенозни и инхалациони анестетици како и последните генерации на локалните за регионални анестезии со сто се обезбедува брзо и пријатно будење и минимум несакани ефекти после анестезијата.
3.Третман на болка
3.1.Третман на болка кај оперирани и неоперирани пациенти стационирани во болницата (системски, NCA, PCA или регионално).
3.2.Третман на болка кај амбулантски пациенти
3.3.Обезболување (аналгезија) на трудниците во родилниот блок – се користат сите регионални техники на акушерска аналгезија (спинална, епидурална и комбинирана епи-спинална) како и техниката на т.н. walking epidural која не ја ограницува трудницата во движењето.
4.Интензивно лекување – Третман и лекување на критичните болни оперирани и неоперирани кои лежат во Централното интензивно лекување.
Мониторингот и анестезиолошките постапки во целата болница са изведуваат според препораките и стандардите на ASA и ESA.